X
 22.03.2017 Култура

Зошто луѓето во Норвешка се најсреќни?

Според извештајот на Обединетите Нации оваа година, Норвешка е најсреќната земја во светот. Освен тоа, назад низ годините, Скандинавските земји се на врвот на листите. Годинава по Норвешка следуваат Данска, Исланд и Швајцарија.

норвешка


Што ги прави луѓето во оваа студена земја толку среќни? Има барем четири фактори:

Имаат многу пари

Парите не можат да ја купат среќата, но не мора да се биде експерт за да се знае дека економијата во Норвешка оди во нагорна линија во последните 40 до 50 години. Освен тоа, за најсреќните земји важи дека имаат и висок БДП по жител.

Има лошо време

Овој факт нема смисла, но некои истражувачи велат дека студената клима на места како Норвешка ги прави луѓето долгорочно среќни затоа што преживувањето бара „поголема меѓусебна поддршка“. Најверојатно долгите и студени ноќи прави Скандинавците да се држат заедно.

Имаат дух на заедништво

Не е само студенилото, туку и комбинацијата на географијата и сигурноста водат до тоа луѓето да развијат долгорочни врски едни со други. Во повеќето градови луѓето имаат силна мрежа на луѓе од пошироко семејство, а со тоа и силно чувство на идентитет. Тие имаат интересен термин “hygge” кој значи благосостојба, атмосфера, амбиент. Може да опишува личност, или да биде користен како глагол: „Ајде да ‘бидеме во благосостојба’ со оброк, посета, книга итн.“

Не се грижат затоа што имаат економска сигурност

Во Норвешка парите на државата се трошат за безбедност на сите. Плаќаат максимум 300 долари за доктори, итна помош итн. годишно. Сите добиваат пензија на 67 години, дури и жените што одлучиле да останат дома. Имаат и бесплатно образование на универизтетите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура