X
 24.09.2021 Живот

Што навистина нѐ прави среќни кога станува збор за балансот помеѓу работата и слободното време?

Наоѓањето на совршен баланс помеѓу работата и приватниот живот не е нов предизвик за многумина. Меѓутоа, се чини дека тој стана уште потежок за време на пандемијата, а ова поттикна многумина да размислуваат за квалитетот на нивниот живот. Според истражувања во западните земји, рекорден број луѓе ги напуштаат работните места годинава.

Сепак, се чини дека активностите нè прават среќни. Едно истражување со испитаници што имале опција да чекаат 15 минути без да прават ништо или да чекаат додека одат до друга локација покажало дека втората група е посреќна, иако помалку лица ја одбрале оваа опција. За животните, ова е инстинктивно бидејќи во експериментите тие повеќето би работеле за да добијат храна отколку да ја добијат без труд.

Евдајмонична и хедонистичка среќа

Идејата дека трудот придонесува за благосостојбата е поврзана со психолошкиот концепт евдајмонична среќа. Ова е вид среќа што е резултат на оптималното функционирање и исполнување на нашиот потенцијал. Истражувањата покажуваат дека работата и трудот се клучни за ваквата среќа, што ги објаснува радоста и гордоста што се чувствуваат по завршување тешка задача.


Фото: Pixabay

На другата страна од балансот помеѓу работата и приватниот живот стои хедонистичката среќа, која се дефинира како позитивни чувства како радост и недостиг на негативни чувства како тага и лутина. Познато е дека ваквата среќа нуди ментални и физички поволности, а одморот и слободните активности се одличен начин да се чувствува хедонистичката среќа.

Сепак, едно неодамнешно истражување покажало дека навистина постои нешто такво како премногу слободно време и дека благосостојбата се намалува доколку имаме повеќе од 5 часа слободно време во денот. Ова објаснува зошто многу лица прават разни активности дури и кога се на одмор.

Можеби клучот за добар живот лежи во одредувањето на вистинската среќа кон која треба да се насочиме. Истражување спроведено на десетици илјади учесници од 9 земји покажало дека над половина од испитаниците претпочитаат живот со хедонистичка среќа. Но околу една четвртина претпочитаат исполнет живот со евдајмонична среќа, а 10-15 отсто од испитаниците би сакале живот со многу искуства.

Извор: The Conversation
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот