X
 28.03.2017 Живот

Што значат обоените кругови на пакетите со храна?

На опаковките од храната има голем број на информации, а меѓу нив се и оние редови на кругови или квадрати во повеќе бои. Кое е нивното значење?

фото извор: http://mentalfloss.com

Уште се нарекуваат „process control patches“, а покажуваат кои нијанси на мастило се користеле за да се создаде дизајнот на опаковката. Печатачот ги проверува овие бои за да одреди дали опаковката одговара на шемата на бои за производот.

Најчесто може да се забележат кругови во основните бои кои ги има печатачот како црна, магента, жолта и слично, и тоа кај повеќето производи. Ако не забележите вакво нешто на амбалажата на чипс или колачиња, тоа не е за загрижување. Одлуката да се вметне оваа шема е опција, а не правило. Некои компании дури и ги сечат деловите каде што се испечатени круговите или квадрати со бои за време на самиот процесот на пакување.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот