Германската организација за заштита на животните ПЕТА ги повика црковните старешини во Германија да одбијат да даваат благослов за невеганска храна во своите епархии.
За христијаните, велигденското јајце е симбол на Христовото воскресение и самиот живот, а за Велигден, и католиците и православните имаат обичај да побараат од свештеник благослов за јајца и друга храна што се служи на празничните трпези.
- Јавно ги повикуваме германските епархии да размислат за овој ритуал во светлината на христијанските вредности на црквата и во иднина да даваат благослов само за производи од растително потекло. Традицијата никогаш не може да го оправда страдањето на животните - изјави портпаролката на ПЕТА, Јулија Вајбел.
Според неа, производите од растително потекло, како овошје и зеленчук, леб, колачи или рен, би покажале дека црквата ја проширува својата љубов и кон животните што се експлоатираат на фармите.
Претставниците на германската католичка црква одбиле да го коментираат овој апел на ПЕТА, но потврдиле дека се разговара за него во црковните кругови.
- Како се очекува од нас да знаеме дали велигденскиот леб е вегански или не - изјавил свештеник од една епархија во Јужна Германија.
Извор:
021.rs
Фото: Freepik