X
 22.01.2020 Живот

Зошто секогаш имаме место за десерт, дури и кога ќе се прејадеме?

Зошто дури и кога ќе се најадеме и стомакот само што не ни пукнал, сепак имаме место за парче колач?

Станува збор за реакција на нашиот мозок. Таканаречениот „желудник за десерт“ навистина постои, но тука секако не станува збор за органот, туку за феномен кој се јавува кај сите. Откако долго јадете нешто, тоа почнува сѐ помалку да ви се допаѓа, особено ако потоа доаѓа нешто што повеќе го сакаме. Така автоматски се чувствувате сите кога ќе дознаете дека по ручекот следува десерт.

- Кога јадете, всушност се заситувате од вкусот и мирисот - објаснува професорката Барбара Ролс.

Како што јадеме, храната станува сѐ помалку привлечна. Освен тоа, ако нешто ни се допаѓа, постои голема можност таа храна да ја јадеме повеќе од што било друго. Значи, сѐ е во главата.

Експертите објаснуваат дека доаѓа до уште еден феномен. Имено, кога знаеме дека следува десерт, потсвесно оставаме место и се заситуваме од храната што ја јадеме во тој момент за да можеме да се префрлиме на другата. Така функционира мозокот и дава сигнали дека ќе ги добиеме сите потребни хранливи намирници.

Слично е докажано и во студија од 90-тите години. Педијатар од Чикаго им дозволил на деца да јадат што сакаат. Пред нив имало различна храна. Децата покажувале која храна ја сакаат, па сестрите ги хранеле. Но, по некое време децата почнале да покажуваат дека сакаат од сѐ по малку, па експертите заклучиле дека станува збор за вроден механизам.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот