X
 31.03.2017 Технологија

Кажете ѝ збогум на приватноста!


Матрикс илустрација со катанче

Голем број циници, во оваа одлука која, за волја на вистината, сè уште не е верификувана од претседателот Трамп, забележаа дека во овој скандал, сепак има и нешто добро.

„Барем не се кријат веќе“, велат тие, алудирајќи на одлуката што ја донесе Сенатот, а потоа и Конгресот на САД, со која го потврдија новиот закон според кој интернет провајдерите кои овозможуваат пристап до глобалната интернетска мрежа, ќе имаат право да ја продаваат историјата на пребарување на секој поединец на оној кој ќе понуди најмногу пари.

Повеќето медиуми и непрофитни организации се вчудовидени од одлуката, но според циниците, станува збор само за законска потврда на она што и досега се правело, и тоа не само во САД.

Главно, сега историјата на пребарување на секој Американец ќе се нуди и продава на заинтересираните  кои најмногу ќе платат за податоците. Маркетинг агенциите веќе ги подготвија буџетите и тргнуваат во легален јуриш, затоа што податоците на секој поединец за нив претставуваат златен рудник. Кога, каде, колку, од кој уред и колку време некое лице поминувало на определена веб-страна, кои апликации ги симнало, дури и содржината на електронската пошта... сето тоа сега и службено – е на продажба.

И додека медиумите со цело грло објавуваат дека со овој закон „е убиена и последната трошка надеж за заштита на приватноста“, многумина сметаат дека приватноста е убиена пред многу време, а сега станува збор само за законска потврда дека тоа е легално. Во овој момент, само во САД, но за очекување е и многу други земји да го следат овој пример.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија