X
 02.08.2019 Живот

Едноставна математичка задача го подели интернетот. Како би ја решиле вие?

8 ÷ 2(2+2) = ?

Она што се чини како едноставна математичка равенка го подели интернетот и никој не може да се согласи кој е точниот одговор.















Сликата со контроверзната равенка стана популарна и доста споделувана откако претходно беше објавена на „Твитер“ и предизвика жестока дебата - дали одговорот е 1 или 16?

Некои велат дека одговорот зависи од тоа дали прво ја извршувате операцијата множење или делење, затоа што според редоследот на опеарции, што на англиски се нарекува „PEDMAS“ (загради, степенување, делење и множење, собирање и одземање).

- Ваквите задачи продолжуваат постојано да се појавуваат. За мене ова е еквивалент на лошо поставена задача. Воопшто не е јасно. Исто како реченицата која нема целосна интерпункција и може да се толкува на повеќе начини, така е и оваа задача - вели Мајкл О'Конор, менаџер во Институтот за математички науки во Австралија.

Со други зборови, и двата одговори се точни - она што е грешно е поставената задача.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот