Еден од основачите на „Apple“, починатиот Стив Џобс, бил еден од најголемите раскажувачи на бајки во професионалниот свет. Тој честопати го сместувал на сцена лансирањето на производот заедно со сите потребни реквизити и театрална музика. Неговите сценарија биле речиси исти како сценаријата на холивудските филмови, а формулата била едноставна.
Во првиот чин се прикажува статусот кво, се запознаваме со херојот и неговиот живот. Со времето се поттикнува инцидент и се поставуваат темели за вториот чин, каде светот на херојот се превртува наопаку и тој мора да ги помине сите пречки. Во третиот чин, главниот херој го победува негативецот и го прави светот подобро место.
Овој принцип може да се примени и на работната околина. Кармин Гало вели: „Следниот пат кога пласирате идеја или производ започнете со описот на статусот кво, препознајте го и идентификуцајте проблемот, односно негативецот со кој ќе се сретне вашата публика и покажете им како херојот (вашиот производ или вашата услуга) ќе помогне со негативецот. Завршете ја приказната со слика за подобар свет за придобивање на публиката.“
Како пример, таа наведува кога во 2003 година Стив Џобс се вратил на сцената за да ги увери потрошувачите дека треба да платат 99 центи за преземање песни од „iTunes“. Џобс не можел само да рече: „Досега бесплатно преземавте, сега мора да платите“, туку морал да има аргументи.
Џобс им ги објаснил позитивните страни на луѓето (подобар квалитет, без прекршување правила), како и негативните страни (плаќањето) и се послужил со споредбата дека песната чини како и кафе во „Старбакс“, а сето тоа е за светот да стане подобро место за љубителите на музиката.
- Добрата страна на бесплатното преземање се изборот на песните и неограничениот број албуми, но тука е и нелегалното преземање, лошиот квалитет и фактот дека тоа е кражба на авторските права, а најдобро е да не играте со кармата - рекол Џобс.
- Колкумина од вас утринава купиле кафе? Многу. А 99 центи е голема вредност во замена со голем избор на песни, висок квалитет и добра карма - додал тој.