X
 31.03.2017 Култура

Мистериозни места кои кријат помрачни тајни од Бермудскиот триаголник


Подводни скулптури

Необјасниви случувања, мрачни сили или само лоша среќа која ги следи некои места, направиле од нив локации кои сите ги избегнуваат. Токму овие пет места кријат повеќе тајни и мистерии од славниот Бермудски триаголник.

1.  Планините на празноверието

Овие планини се наоѓаат источно од градот Феникс, во американската држава Аризона. Таму во 1800 година, Џејков Валц открил огромен рудник на злато. За откритието на рудникот и точната локација му кажал само на еден човек. Сепак, никој не успеал да го најде тоа место, а многу луѓе ги изгубиле животите во потрагата. Според легендата, индијанското племе Апачи веруваат дека тоа всушност не е само рудник туку вратата од пеколот, па ја избегнувале таа планина по секоја цена.

Планини на празноверието

2. Исчезнатото село

Во ноември 1930 година покрај езерото Аникуни во Канада, постоело село со околу 2.000 жители. Џо Лабел знаел за тоа село и го имал посетено неколку пати, па се упатил кон истото со намера да преноќи таму, знаејќи за гостопримливоста на мештаните. Кога стигнал до местото, бил шокиран од фактот дека сите жители исчезнале, иако цела храна, но и оружјата биле таму, а огништата биле сè уште топли. Освен тоа, во селото немало ниту едно животно. Тој веднаш го пријавил случајот во полиција, но и тие не успеале ништо да откријат. Теоретичарите на завери веруваат дека исчезнувањето на селото е поврзано со вонземјани, но никој со сигурност не може да знае што се случило, затоа што никогаш никој од нив не се вратил.

Исчезнатото село

3. Триаголникот Бриџвотер

Ова место во северниот дел на Масачусетс е локација со површина од 200 квадратни километри каде наводно редовно се случуваат и се гледаат разни паранормални појави. Голем број луѓе кои го посетиле истото, престрашени пријавувале во полиција разни чудни појави – од вонземјани, до Бигфут и птицата Тандербрд, која во многу нешта потсетува на голем Птеродактил, кој изумрел пред илјада години. Во 1976 година еден човек пријавил дека џиновско куче со закрвавени очи ги заклало неговите коњи кои паселе на ливада.

Триаголникот Бриџвотер

4. Бенингтоновиот триаголник

На ова место во американската држава Вермонт забележани се мистериозни исчезнувања од 1945 до 1950 година. Првиот настан се случил во ноември 45-тата кога Миди Риверс водел група ловџии во лов. Во еден момент, тој се одвоил од групата и никој веќе не го видел. Пронашле само една чаура од куршум во потокот подоцна. Во декември 46-тата, Пола Велден се упатила на пешачење и изчезнала без трага, а три години подоцна исчезнал и Џејмс Тетфорд кој со автобус се враќал дома, но никогаш повеќе не бил виден, иако багажот го пронашле во автобусот. При сите исчезнувања, времето на настаните било помеѓу први ноември и 20-ти декември.

Бенингтонов триаголник

5. Триаголникот Мичиген

За ова подрачје се тврди дека го населуваат духови и дека има слични карактеристики како Бермудскиот триаголник. Забележени се исчезнувања на бродови па дури и блиски средби со вонземјани.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура