X
 13.09.2016 Образование

Тајни кои наставникот сака дa ги знаете, но не може да ви ги каже

За да се одржува ред во училницата (и да си ги задржат работните места) постојат некои работи кои наставниците едноставно не можат да им ги кажат на своите ученици дури и ако сакаат.

Иако дел од нив се контроверзни, голем дел од овие „тајни“ можее да им бидат од корист на младите луѓе. Затоа, „Businessinsider“ ги запраша наставниците кои тајни сакаат нивните ученици да ги знаат. Еве што велат тие.

1. Сите работи кои ги учите не се толку важни

Она што е важно се животните вештини кои ги учите додека ги исполнувате задачите за време на час. Учите како ефективно и ефикасно да комуницирате и да водите дебата со различни видови на луѓе. Учите како да ги слушате другите и како да им одговорите. Учите толку многу што воопшто не сфаќате колку сте научиле бидејќи се' е под маската на домашното и есеите. Она што навистина го учите е да бидете независни луѓе.

2. Не ја пропуштајте можноста

Потребно е да знаете дека ние наставниците сакаме да предаваме и сакаме да ви помогнеме. Меѓутоа не можеме ако вие не дадете одреден напор. Сме ја избрале оваа професија бидејќи чувствуваме страст кон неа и имаме огромна волја да ви помогнеме - се' додека и вие вложите напор во тоа.

Можеби не сфаќате колку е важно да бидете успешни на училиште. Потребно е да сфатите дека образованието отвора многу врати - луѓето низ светот би убиле за ваква образовна можност. Малала Јусуфзаи доби куршум во главата затоа што го избра образованието. Затоа, не ја пропуштајте можноста да станете едуцирана личност.

3. Светот може да биде доста суров

Вие сте многу повеќе од она што луѓето го мислат за вас.

4. Возрасните не секогаш знаат најдобро

Понекогаш посакувам да ви кажам дека вашите родители грешат.

5. И јас не ги сакам тестовите

И за мене тие претставуваат вистински стрес!

6. Немојте да се плашите од неуспехот

Јас сум тука да ви помогнам да успеете.

7. Сите сте мои деца и ве сакам

...меѓутоа дефинитивно не ми се допаѓа кога избирате да глумите и да не се грижите за ништо.

8. И не сме толку различни

И јас сум нервозна како вас со почетокот на учебната година.

9. Нека не ве загрижуваат малите работи

Годините од основното образование нема да имаат кој знае колкаво влијание врз вашите академски, професионални и лични патишта. Посакувам само да уживате во овие прекрасни детски години од вашиот живот. Забавувајте се - деца сте!

10. Бидете добри и љубезни

Еден ден ќе ви биде жал што не сте биле пољубезни со луѓето кога сте имале таква шанса.

11. Тестовите не се сe' и не ја покажуваат вашата вистинска личност


Знаењето на одговорите на тестот не значи дека сте паметни.

12. Учењето не секогаш е забавно

Знам дека некои работи кои морам да ви ги кажам, а вие мора да ги научите, се страшно досадни.

13. И јас сум зависна од мојот паметен телефон


И јас треба да се борам со импулсот да го проверувам мојот Фејсбук профил секој ден.

14. Ги почитувам вашите желби и ви посакувам најдобро

Знам дека и вие сте луѓе со сопствена перспектива и проблеми, иако сте само тинејџери.

15. Ако не работите напорно нема да бидете подобри

Родителите и учениците често доаѓаат на училиште мислејќи дека задачата на наставникот е да го направи паметен ученикот. Меѓутоа, задачата на наставникот е да му помогне на ученикот. Од самиот ученик зависи колку тој ќе научи.

16. И јас ги мразам домашните задачи


Вашите домашни задачи за нас се наши домашни задачи на кои треба да им посветиме време и да ги прегледаме за викенди, празници, слободни денови...

17. Учењето е процес кој се одвива во текот на целиот живот

Учењето не завршува кога ќе го напуштите училиштето. Тоа продолжува во текот на целиот ваш живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование