X
 01.04.2017 Технологија

Ослободете место на Вашиот Ајфон без да ги бришете омилените слики

Многу е лошо кога постојано добивате известување на Вашиот Ајфон дека меморијата е полна и дека не Ви е дозволено на фотографирате повеќе. Генерално, повеќето луѓе ги бришат старите слики, но тоа е уште полошо. Нема потреба да се ослободувате од тие спомени затоа што постојат други опции.

ајфон
Фото извор: REUTERS/Suzanne Plunkett

Избришете апликации што не ги користите

Изберете Settings > Manage Storage, и ќе ја добиете листата на апликации во телефонот, со податоци за тоа колку место заземаат. Ослободете се од оние што никогаш не ги користите.

Исчистете ги непотребните податоци

Ова е едноставно – одете во Settings > Safari > Clear History and Website Data и ослободете се од непотребните податоци.

Избришете ги старите СМС пораки

Веројатно не Ви се потребни старите СМС пораки. Може да го поставите телефонот да ги брише пораките по година или по 30 дена. Одете во Settings > Messages, а потоа променете го Keep Messages во периодот што Ви одговара.

Обидете се да изнајмите долг филм

Ова е многу чудно. Потребно е да отидете на iTunes за филм што зафаќа повеќе меморија отколку што имате останато, изнајмете го и наскоро ќе добиете порака дека немате доволно место, па ќе добиете можност да се упатите во Settings. Кликнете на тоа и магично ќе добиете повеќе меморија, при што веројатно се бришат стари податоци за апликацијата да го преземе филмот.

Ослободете се од автоматските ажурирања

Важно е телефонот и апликациите да Ви бидат ажурирани од безбедносни причини, но ако тоа се прави автоматски може да Ви ја „јаде“ меморијата без да знаете. Одете во Go to Settings > iTunes & App Store и исклучете ги Updates.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија