X
 04.06.2023 Живот

Не може да им веруваме на спомените ни по неколку секунди, покажа истражување

Спомените може да се сменат или целосно да се заборават со текот на времето, но ново истражување покажува дека не може да им веруваме дури ни на најкраткорочните спомени.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Амстердам открило дека учесниците што имале задача да помнат облици правеле грешки дури и по многу кратко време. Според истражувачите, „краткорочните мемориски илузии“ може да се показател дека не може да ѝ се верува на меморијата дури и по неколку секунди од создавањето на спомените.

Ова истражување добило различни резултати од претходно истражување од областа кое покажало дека учесниците точно помнеле облици веднаш по нивното покажување.

Во новото истражување учествувале 348 учесници. Во нивното тестирање 37 отсто направиле грешки кога требало да ги објаснат облиците кои штотуку ги виделе. Во тестовите, учесниците гледале правилни или погрешни облици на букви од азбуката.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот