X
 03.10.2024 Живот

Еве колку пари се потребни за живот во земјите од поранешна Југославија

На почетокот на минатата година веб-страницата „Нумбео“ го прогласи Белград за најскап град за живот во регионот. Но, излегува дека и не е толку страшен во споредба со најскапиот град на светот, но и понатаму не стои баш најдобро во споредба со другите екс-ју престолнини.

Белград


Според податоците споделени од белграѓани на платформата „Нумбео“, на четиричлено семејство за трошоци за живот во Белград му се потребни просечно 2.263 евра, додека за едно лице се доволни 660 евра, без пресметана кирија за стан. Изнајмувањето еднособен стан во центарот е во просек 750 евра, во другите делови на градот е 450 евра. Сметките за стан од 85 квадрати се речиси 170 евра, а просечната плата е 840 евра.

Во не многу скап ресторан може да се јаде за 10 до 20 евра; пивото во кафулињата е од 1 до 4 евра, а кафе од 2 до 3 евра. Белград може да се пофали со евтин автобуски билет од 0,43 евра и тоа се чини е главниот и единствен адут во споредба со соседните земји.

Загреб

Трошоците за четиричлено семејство во Загреб се речиси 2.545 евра, а за едно лице 733 евра, додека просечната плата е 1.510 евра. Се проценува дека Загреб е за 7,6 отсто поскап од Белград, без пресметана кирија. Кога станува збор за изнајмување станови, податоците покажуваат дека Загреб во просек е за 9,5 отсто подостапен од Белград. Сметките за стан од 85 квадрати се 170 евра.

Во поскромен ресторан ќе платите од 8 до 20 евра за оброк, пиво од 2 до 4,50 евра, капучино од 1,50 до 3 евра. Месечна карта за јавен превоз е 55 евра.

Сараево

Сараево е за 15,9 отсто поевтин од Белград, а киријата во просек е поевтина за 56,2 отсто. Во центарот на градот еднособен стан е од 230 до 460 евра месечно, надвор од центарот е 300 евра.

Оброк во скромен ресторан е од 4 до 10 евра, капучино е од 1 до 3 евра, а пиво е од 2 до 4 евра.

skopje
Фото: Freepik

Скопје

Скопје е за 19,2 отсто поевтин од Белград, а киријата е за 58 отсто поевтина. За еднособен стан во центарот месечно се трошат помеѓу 240 и 400 евра. На едно семејство му се потребни 1.906 евра, а на поединец му се потребни 500 евра за живот.

Билет за јавен превоз е околу 0,64 евра, пивото е од 2 до 4 евра. Просечната плата е околу 600 евра.

Подгорица


На четиричлено семејство во Подгорица му требаат околу 2.127 евра за живот, на едно лице му требаат 602 евра, додека просечната плата е 828 евра.

Сметките за стан од 85 квадрати се нешто повеќе од 100 евра, а изнајмувањето мал стан во центар е 500-650 евра.

Јадењето во ресторан изнесува од 6 до 10 евра, пивото е од 1,50 до 4 евра, а капучиното од 1,40 до 2 евра. Се разбира, цените во супермаркетите се многу пониски.

Љубљана

Љубљана очекувано е нешто поскапа, па се проценува дека на четиричлено семејство му требаат 2.860 евра, околу 836 евра за едно лице. Основните сметки за стан од 85 квадрати се околу 235 евра, а мал стан во центарот чини просечно 840 евра месечно.

Оброк во евтин ресторан е од 7,50 до 15 евра, пивото од 2,30 до 5 евра, капучиното од 1,40 до 3 евра. Просечната плата е 1.606 евра.

Извор: Nova.rs
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот