X
 31.10.2020 Живот

Вработените во овие компании мора редовно да одат на одмор

Неограничениот одмор од работа звучи одлично. Може да земете толку слободни денови колку што ви се потребни, не треба да поднесувате барања за тоа, да ги броите деновите или да чувате денови за непланирани настани. Но во повеќето компании вработените почесто земаат помалку денови од предвиденото. Затоа, некои фирми низ светот имаат поинаков пристап и од вработените бараат задолжително да ги искористат сите слободни денови.

Компанијата „Четбукс“ од американската сојузна држава Јута нуди неограничен број слободни денови уште од 2014, годината кога била основана. Сепак, многумина вработени не ги земаат слободните денови, особено за време на пандемијата, објаснува Ден Хименез, претседател на фирмата. Според него, дел од вработените имале проблеми со металното и емоционалното здравје на работа бидејќи не ги користеле своите слободни денови.

Затоа, компанијата со околу 150 вработени бара сите задолжително да земат 5 дена во секој квартал. Тоа е минималниот број слободни денови што може да ги земат вработените, а компанијата сè уште одобрува земање слободни денови за лични потреби, како посета на лекар или настани со децата на училиште.

Компанијата за маркетинг што се специјализира во авионски сообраќај „Симплифлајинг“ од вработените бара да земат слободни денови уште од 2016 г. Компанијата моментално вработува 5 лица и порано обезбедувала неограничен број слободни денови, но некои вработени користеле повеќе денови за одмор од другите, објаснува основачот и извршен директор Шашанк Нигам.


Фото: Pixabay

Сега работниците мора да земат цела слободна недела на секои 8 недели, а боледувањата се неограничени. Секако, вработените треба да се координираат кога земаат слободни денови за да не се попречува работата.

Компанијата оди чекор подалеку за да се осигури дека вработените ќе се одмораат. Затоа, вработените нема да бидат платени за таа недела доколку одговорат на е-пошта или се вклучат во групните разговори меѓу вработените.

Компанијата за платформи на податоци „Клаудера“ е уште една компанија што почнала да воведува задолжителен одмор за вработените. Од летово компанијата редовно продолжува одредени викенди за да им даде доволно време за одмор на вработените. Продолжените викенди се случуваат на секои три недели и траат три, четири или пет дена.

Циклусот започнува со еден слободен петок. По три недели вработените добиваат четиридневен викенд, а по три недели тие се слободни пет дена, вклучувајќи го и викендот. Потоа циклусот се повторува. Во слободните денови компанијата не работи, освен неколку вработени кои дежураат во случај на проблеми со клиентите. Компанијата планира да продолжи со овој систем на работа сè додека вработените работат од дома.

Автор: Кетрин Васел
Извор: cnn.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот