X
 04.01.2020 Наука

Чадот над Мелбурн ќе го доведе квалитетот на воздухот на опасно ниво

Чадот од пожарите во Источен Гипсланд го прекри Мелбурн во густ смог и го направи воздухот опасен во долината Латабре.

Мониторите на надлежните лица за заштита на животната средина покажаа дека квалитетот на воздухот во Мелбурн се спушти на многу слабо ниво утрото, а потоа падна на многу лошо ниво во текот на попладнето.

Во Брајтон квалитетот на воздухот достигна опасно ниво во 17 часот во петокот.

Видливоста на станицата за набљудување западно од градот се спуштила на само 3 километри. Се очекува да остане вака до сабота наутро, а воздухот исполнет со чад веројатно ќе предизвика кашлање и губење на здивот кај граѓаните.

Траралгон и долината Латарби се во уште полоша состојба - надлежните забележале дека воздухот во моментов е прилично опасен.

cad
Фото: Jason South


Градовите Омео и Свифтс Крик, кои беа погодени од пожарите, бележат опасен квалитет на воздухот. Не е јасно колку долго ќе трае чадот.

- Интензивната противпожарна активност југоисточно и североисточно од Викторија создава опасни услови за чад за Централна и Источна Викторија. Овие услови веројатно ќе траат три дена, а ќе се влошат в недела и в понеделник - велат властите.

Д-р Брет Сатон, главен службеник за здравство, предупреди дека штетниот чад може да доведе до сериозно влошување на здравствените ефекти кај лица над 65 години, кај деца на 14 години и помлади, бремени жени и оние со срцеви и белодробни заболувања. Исто така, тој рече дека многу луѓе може да имаат симптоми како што се кашлање и губење на здивот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука