X
 04.04.2017 Технологија

Фејсбук воведува уште една новост која нема да ви се допадне

приказни

Најновите промени на „Facebook“ на голем дел од корисниците нема да им се допаднат бидејќи го уништува најдобриот дел од целата социјална мрежа; неограничено следење на своите пријатели без страв дека корисниците ќе бидат фатени во тоа.

Сега, кога ќе погледнете нечија објава на новата опција „Stories“, тој ќе биде известен за тоа. Ваквата објава постои 24 часа, а се состои од една или повеќе фотографии или кратки видеа. На ваков начин „Stories“ делува на секоја платформа која ја поддржува - на пример „Snapchat“, „Instagram“, но кога станува збор за „Facebook“, ова сигурно ќе ги влоши работите.

Анонимноста како главен адут

На „Facebook“ може да се објави сè - фотографии, видеа, текст, но сигурно нема да ви биде пријатно ако некој кој редовно го следите, а не сакате да знае дека го следите, го види вашето име на листата.

Факт е дека на луѓето им е забавно да гледаат туѓи профили без ништо да коментираат и да кликаат на нивните објави без никому да се оправдуваат. „Facebook Stories“ е всушност конкуренција на „Snapchat“, меѓутоа засега неуспешна. Оваа новост сигурно нема да ја направи попривлечна и да придонесе за нејзината популарност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија