X
 22.01.2020 Технологија

Јапонија се подготвува да воведе 6Г-мрежа најдоцна до 2030 година

Јапонија планира сеопфатна стратегија за 6Г-технологија до 2030 година и се верува дека новата технологија ќе биде 10 пати побрза од сегашната 5Г.

Министерството за внатрешни работи и комуникации на Јапонија ќе формира владино-цивилна истражувачка организација под претседателство на Универзитетот во Токио, под директен надзор на министерот за општи работи Такао Санае. Исто така, ќе се поттикне разговор за целите на ефикасноста на 6Г-мрежата и поддршка на политиката до јуни.

Американската компанија за инвестиции во банкарството и финансиски услуги „Голдман Сакс“ предвидува 200 милиони пратки на 5Г-паметни телефони во 2020 година. Новата предвидена вредност е околу 20 пати поголема од продажната бројка од 2019 година.

Според процените, ќе има околу 1 милион нови 5Г-базни станици во Кина во 2020 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија