X
 11.01.2016 Технологија

Како сателитите не` шпионираат?

Човештвото ја пополни вселената со огромен број на сателити уште од Спутник. Денес, мрежата за надзор на Америка следи повеќе од 8.000 објекти кои орбитираат во вселената, а се направени од човекот.

 

сателити

 

Но, колку од овие сателити се шпионски? Никој не е сосема сигурен, меѓутоа овој инфографик совршено ги прикажува информациите за тоа што знаеме за „очите“ над нас.


Објавен како дел од најновиот број на „Spies“, овој инфографик покажува преглед на познатите шпионски сателити на владите кои се`уште се на небото.

Америка има најголем број на шпионски сателити (83), додека Русија има 50 и Кина 36. Но, никоја од овие информации не се најнови: на пример, повеќето сателити биле лансирани во Корона програмата која завршила во 1972 година, и се`уште важат за класифицирани информации во Америка. Најновите потврдени информации за шпионската сателитска програма на Америка е од 1990 година, кога Америка тврдеше дека својот нов сателит, Мисти, „изгоре на повторен влез“, нешто што од тогаш беше побиено.

Во прилог на информациите за тоа колку сателити има во вселената, табелата е одличен водич за тоа како функционираат шпионските сателити. Постојат и други видови на орбити кои се многу корисни за шпионските сателити, како Молонија Орбита - една елиптична орбита која шпионските сателити можат да ја земат за да ја надгледуваат северната хемисфера 22 часа на ден. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија