X
 07.04.2017 Култура

Роберт Ј. Розентал: 10 лекции кои ги научив за новинарството

Управувањето со една организација може да биде хаотичен процес кој не можете да го контролирате. Ако не знаете да се носите со добрите и лошите изненадувања, не знаете да ги пуштите силните и креативни луѓе да успеат, не знаете да се носите со предизвиците и со разочарувањата, тогаш не се ни обидувајте да водите непрофитна или профитна, новинарска организација. Мора да се разбере во срцето, дека учењето е континуиран процес, вели Роберт Ј. Розентал, директорот на Центарот за истражувачко новинарство.

фото извор: flickr.com

Ова се 10 лекции кои тој ги научил за новинарството:

1. Бидете искрени и директни. Со персоналот, со партнерите, со соработниците. Сите учиме и експериментираме, а тие процеси бараат отвореност.

2. Преземете ризик. Иновативната и креативна средина исполнета е со неизвесност, а преземањето ризици значи дека треба да се признае и пораз. Не очекувајте дека секој ваш обид ќе биде успешен.

3. Не заборавајте на своите грешки. Тие спаѓаат во категоријата најдобри учители за вас и вашата организација.

4. Градете свој тим. Помогнете им да успеат и погрижете се за луѓето кои се вешти и страствени во врска со работите кои вие не ги правите добро или не ги разбирате. Вашиот тим треба да има вештини, искуство и разновидност.

5. Верувајте му на својот тим. Во време на технолошки иновации и потенцијал за голема публика, потребен ви е креативен и страствен тим кој го водите, но не и кој го контролирате. Немојте да мислите за другите, тие нека мислат за вас.

6. Соработката е клучна, и интерна и екстерна. Тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

7. Своето его морате да го разберете, да управувате со него и да го контролирате. Заслугите ќе им припаднат на другите, а не на вас.

8. држете се до своите принципи, етика, инстинкт и искуство, но имајте волја и да ги менувате мислењата, а и да препознаете кога нешто ќе научите.

9. Останете мирни. Понекогаш најдобра реакција во криза е да останете мирни, дури и ништо да не правите. Времето и настаните можат да ја решат ситуацијата која ви изгледала како неиздржлива во одреден момент.

10. Слушајте. СЛушајте. Слушајте. Тоа е основниот принцип на известување. АКо обрнете внимание, приказната или решението за проблемот, или пак, следната голема идеја – ќе се појави.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура