X
 08.01.2021 Живот

Лекции од Робин Вилијамс: Најтажните луѓе секогаш најмногу се трудат да ги развеселат другите

Во 2014 година светот го изгуби Робин Вилијамс - рана што можеби никогаш нема да заздрави. Но, она што никогаш нема да го изгубиме се неговиот талент, неговата духовитост и неговата смисла за хумор, како и незаборавните ликови што ги портретираше во неговите филмови.

Никогаш нема да престанеме да му се восхитуваме, а и на неговата генијалност, па затоа да се потсетиме на некои скапоцени животни лекции од него и неговите филмски ликови.

Избери ги вистинските луѓе

- Порано мислев дека најлошото нешто во животот е да останеш сам. Најлошото нешто е да завршиш со луѓе покрај кои се чувствуваш осамен.

Научи да гледаш што се крие зад нечија насмевка


- Мислам дека најтажните луѓе секогаш најмногу се трудат да ги развеселат другите луѓе затоа што тие знаат како е да се чувствуваш апсолутно безвредно и не сакаат тоа да го почувствува никој друг.

Зад секоја несреќа стои скапоцена животна лекција

- Ќе имаш лоши периоди, но секогаш ќе те освестат за добрите работи на кои не си обрнувал внимание.

Првин слушни ја сопствената критика

- Тешко е кога ќе прочиташ статија во која пишува лоши работи за тебе. Тоа е исто како некој да ти зарил нож во твоето срце. Но, јас сум најстрогиот критичар на мојата работа.

robin
Фото: Screenshot/YouTube

Не грижи се премногу


- Не грижете се толку многу затоа што на крајот никој од нас не е долго време на Земјата. Животот е минлив. А ако некогаш сте под стрес, свртете ги очите кон летното небо кога ѕвездите ќе се нанижат низ кадифената ноќ.

Животот почнува кога ќе наполниш 50 години

- Имав средовечна криза кога имав околу 30 години, така што завршив со тоа. Но, кога наполнив 50 години, си реков - ова е супер. Чувството е како да си на врвот на животот, буквално. Работите одат одлично и доаѓаш до точка кога повеќе не се бориш.

Понекогаш правилната одлука вреди за сите сто грешки

- Правилното останува ако сè друго што сте направиле е грешно.

Не жали за твојот избор

- Понекогаш поради работите што ги правев, филмовите што не излегоа добро, си велев: „Зошто го направи тоа?“ Но, на крајот, не можам да жалам затоа што запознав неверојатни луѓе. Секогаш постоеше нешто поради кое тој избор вредел.

Никој не е совршен, но можеме да бидеме совршени едни за други


- Не си совршен и дозволи ми да те поштедам од неизвесноста: девојката што си ја сретнал, и таа не е совршена. Но, прашањето е дали сте совршени еден за друг.

Не плаши се да направиш пауза и да ги наполниш батериите


- Мислиш дека е подобро да продолжиш со работа инаку луѓето ќе те заборават. И тоа е опасно. А потоа сфаќаш: „Не, ако направам пауза, луѓето можеби ќе бидат позаинтересирани за мене“.

Тренирај ја имагинацијата

- Имагинацијата функционира самостојно. Пораснав како дете-единец, така што имагинацијата беше неопходност, како механизам за преживување.

Цени го она што е навистина важно


- Не знам колкава е мојата вредност во овој универзум, но знам дека сум направил неколку луѓе посреќни отколку што би биле без мене, и сè додека го знам тоа, јас сум богат.

Извор: Bright Side
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот