X
 14.11.2016 Живот

Лекции за успех од Марк Цукерберг: Дајте му значење на вашето семејство

Марк Закерберг е најмладиот милијардер на планетата. Тој ја создаде социјалната мрежа Фејсбук која денес има повеќе од 1 милијарда активни корисници.

Тој е претседател и главен извршен директор на Фејсубк, а неговото лично богатство се проценува на 38.6 милијарди долари.

Фејсбук сега ги поврзува луѓето на начин на кој ниту една друга платформа не може. Без сомнение, тој е веројатно еден од најпознатите бизнисмени кој предизвикува восхит кај луѓето.

Ова се неговите лекции за успех.

1. Поставете си висока цел

Цукерберг вели дека тој никогаш немал намера да ја претвори Фејсбук во компанија. Едноставно сакал лично да ја задоволи глобалната потреба да се поврзе. Неговата социјална мисија отсекогаш била „да се направи светот повеќе отворени и повеќе поврзан“. Во едно од неговите писма до акционерите, Закерберг напишал:

„На почеток, Фејсбук не беше замислен да биде компанија. Беше создаден со цел да постигне општествена мисија - да го направи светот повеќе отворен и повеќе поврзан“.

2. Вработете го најдобриот талент


Во 2008 година, Закерберг ја вработил Шерил Сандберг од Гугл како новиот оперативен директор. Ова докажува за неговите одлични чекори кои ги направил за доброто на компанијата. И покрај тоа што неговата визија управува со неговата компанија, сепак тој немаше да го постигне овој успех без вистинскиот тим.

Тој вели дека троши околу четвртина од своето време обидувајќи се да ги пронајде вистинските луѓе за да го изгради вистинскиот тим. Тој секогаш е во потрага по нови таленти кои може да ги стави во „влијателни улоги“.

3. Движете се брзо

Фејсбук долго време го следи своето мото, благодарение на Закерберг и писмото кое го напишал до потенцијалните акционери. Тој никогаш не се плашел да се движи напред и доволно брзо за да ги „размрда“ работите, заедно со ризикот да направи грешки.

Кога за прв пат бил воведен делот „Новости“ (News Feed), корисниците започнале да се бунат - толку што една група успеала да достигне до 700.000 членови неколку дена после воведувањето. Корисниците биле бесни, а се чинеше дека дојде крај на Фејсбук. Меѓутоа, со поставките за приватност, Закерберг успеа да се справи со проблемот. На крајот, корисниците се навикнаа на, па дури и го засакаа овој дел.

4. Дајте му значење на вашето семејство

Ова е една од основните претприемачки лекции кои бизнисмените би можеле да ја научат од Закерберг кој вели дека е најважно времето поминато со семејството. Не постои ништо лошо во тоа да сакате да бидете успешни меѓутоа сето тоа е ништо доколку на крајот од денот нема со кој да го споделите успехот. Без разлика на тоа колку сакате да бидете успешни и да се искачете високо на корпоративната скала, не смеете да го запоставите семејството.

На 19 мај 2012 година, Марк се оженил со неговата долгогодишна девојка Присила Чен. Тој зел два месеци татковско отсуство кога неговата сопруга се породила.

5. Тешките проблеми бараат иновативни решенија

Марк ги советува претприемачите да бидат иновативни. Иако е тешко да се предвиди што иднината носи за Фејсбук, самиот факт што оваа социјална мрежа успешно преживеала и опстанала е голем успех. Иновацијата е онаа која ја зголемува продуктивноста на капиталот и работната рака, но ако иновативноста создава нова вредност која претходно не постоела, би се соочила со многу проблеми и би ги решила истите. Проблемите поврзани со иновативни работи бараат иновативни решенија.

6. Едноставно

„Поедностави ги работите колку што можеш повеќе, но не ги прави едноставни“, Алберт Ајнштајн

Ова е омилениот цитат на Марк. И тој навистина го практикувал овој принцип.

7. Научете да кажете „не“


Како што Фејсбук ја зголемувал популарноста, на Закерберг му пристигнувале многу предлози како на пример нови функции на производот или нови партнерства. Во некои случаи, Закерберг добивал мега понуди.

Сепак, тој секогаш се потсетувал на неговата мисија - иако нешто не му одговарало, тој одбивал и велел не. Тоа значи дека тој одржувал извонреден фокус и не му го одвлекле вниманието тривијалните работи.

8. Не ја губете желбата постојано да растете

Закерберг сака промени и сака да расте. На почетокот, тој создал тим чија цел била да привлечат што повеќе луѓе да се регистрираат на Фејсбук.

Дел од растењето била способноста на Фејсбук да ги слуша своите корисници. Фокусот на Закерберг отсекогаш бил на две работи: јасна насока за компанијата (постојани подобрување) и одличен тим кој ќе ја води компанијата кон оваа насока. Со правилниот фокус, растот е неизбежен.

9. Размислувајте долгорочно

Само 3 години после лансирањето на Фејсбук, Јаху излезе со понуда вредна милијарда долари со цел да го купи. Закерберг ја одбил понудата велејќи: „Тука сум да изградам нешто кое ќе трае долго време. Се' останато е одвлекување на вниманието“. Долгорчната визија на Фејсбук е причината за успехот на оваа компанија.

10. Предизвикувајте се себеси

Мандаринскиот е еден од најтешките јазици за учење. Учењето јазици е најдобро да се учи додека човек е во најраната младост, на околу 10 години или барем додека се тинејџерските години. Возрасните имаат неверојатно висок број на когнитивни недостатоци кога станува збор за усовршување на јазик. Сега замислете колку му било тешко на Закеберг да го научи овој јазик на 30 годишна возраст. Меѓутоа, Закерберг одлучил да го научи токму затоа што сака предизвици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот