X
 07.01.2022 Живот

Животни лекции што е добро да ги научите порано во животот

Многу работи во животот стануваат јасни кога е предоцна или кога луѓето веќе се стари и не можат да ги поправат грешките што ги направиле во младоста. За среќа, постарите се тука за да споделат мудрост со помладите и ова се советите што најчесто им ги даваат:

1. Парите не ги решаваат вистинските проблеми

Парите се алатка која ви купува резерви и некои убави работи што ги сакате, но не се лек за вашите проблеми.

Има многу луѓе што живеат од многу малку, а сепак имаат исполнети и среќни животи... И, за жал, голем е бројот на луѓе што живеат со многу пари, а сепак имаат ужасен живот.

Парите можат да купат убав дом, одличен автомобил, фантастични чевли, дури и малку сигурност и малку удобност, но не можат да ја поправат нарушената врска, ниту да ја спречат осаменоста, а „среќата“ што ја носат е минлива, не е вистинска и трајна. Среќата не се продава.

2. Бидете реални со времето

Често младите луѓе се чувствуваат како да мора да направат сè одеднаш. Тие треба да ги донесат сите долгорочни одлуки, да направат планови, да пробаат сè, да стигнат до врвот, да ја пронајдат вистинската љубов, да ја разберат целта на животот и да го направат сето тоа веднаш.

Забавете - не брзајте. Оставете животот да се одвива. Почекајте малку да видите каде ќе ве однесе животот и одвојте време да ги одмерите вашите опции.

Уживајте во секој залак храна, одвојте време да погледнете наоколу, да се радувате на малите нешта. Дозволете си време за размислување, за хоби, за уживање.

Планирањето е од суштинско значење, имањето цели и обидот за нивно постигнување е за пофалба, но нема потреба од брзање. Единственото нешто до кое ова ве води е да доживеете исцрпеност и да се откажете, и тоа предизвикува пропуштање на живеењето на вашиот живот додека минуваат годините.

3. Не можете да им угодите на сите

Не мора сите да се согласуваат со вас, ниту пак морате да им се допаѓате на сите. Во човечката природа е да се припаѓа некаде, да се биде сакан, почитуван и ценет, но не за сметка на својот интегритет и среќа. Другите не можат да ви ја дадат потврдата што ја барате. Мора да дојде однатре.

Она што треба да го направите е да престанете да им угодувате на сите.

4. Вашето здравје е вашето највредно богатство


Здравјето е непроценливо богатство, секогаш ценете го, негувајте го и заштитувајте го. Младите обично го земаат здраво за готово доброто здравје, затоа што едноставно е таму. Тие не треба да се грижат за тоа, па всушност не обрнуваат внимание додека не мораат.

Грижете се за вашето здравје сега или можеби ќе ви биде жал за тоа подоцна.

5. Не секогаш го добивате она што го сакате

- Животот е она што се случува додека сте зафатени со правење други планови - еднаш рече Џон Ленон.

Без разлика колку внимателно планирате и колку напорно се трудите, понекогаш работите едноставно не одат како што сакате и тоа е во ред.

Ги имаме сите овие очекувања, однапред одредени визии за тоа како ќе изгледа нашиот „идеален“ живот, но премногу често тоа не е реалноста на животот со кој завршуваме.

Понекогаш нашите соништа не успеваат, а понекогаш само се премислуваме. Понекогаш мораме да не успееме за да ја најдеме вистинската насока, а понекогаш само треба да пробаме неколку работи пред да се најдеме.

zivot
Фото: Freepik

6. Светот не се врти околу нас

Вие не сте центарот на универзумот. Многу е тешко да се погледне светот од перспектива различна од нашата, бидејќи секогаш сме толку фокусирани на она што се случува во нашите животи. Што треба да направам денес? Што ќе значи ова за мене, за мојата кариера, за мојот живот? Што сакам?

Нормално е да сте интензивно свесни за сè што се случува во вашиот сопствен живот, но треба да обрнете еднакво внимание на она што се случува околу вас и како работите влијаат врз другите луѓе во светот, како и врз нивните животи. Важна е перспективата.

7. Не е срамота да не знаете

Никој не знае сè. Никој ги нема сите одговори. Не е срамота да се каже „не знам“. Преправањето дека сте совршени не ве прави совршени. Само ве прави невротични да се преправате дека совршенството е можно.

Многу луѓе мислат дека има некаква стигма или срам во признавањето на нашите ограничувања или несигурности, но факт е дека никој не знае сè. Сите грешиме и одвреме-навреме се соочуваме со неуспеси. Попатно собираме искуства и учиме. И тоа е животот.

Освен тоа - никој не сака сезнајко. Малку ранливост ве прави човек и многу поповрзани со другите.

8. Љубовта е повеќе од чувство - љубовта е избор

Тој наплив на почетна возбуда, љубов и страст што го забрзува пулсот не трае долго. Но, тоа не значи дека долготрајната љубов не е можна.

Љубовта не е само чувство, таа е избор што го правите секој ден. Мора да избереме да дозволиме непријатностите да поминат, да простуваме, да бидеме љубезни, да почитуваме, да поддржуваме, да бидеме верни.

Врските бараат работа. Понекогаш е лесно, а понекогаш е неверојатно тешко. Наше е да избереме како сакаме да се однесуваме, размислуваме и зборуваме во врска.

9. Перспективата е убава работа

Обично, кога сме загрижени или вознемирени, тоа е затоа што ја изгубивме перспективата. Сè што се случува во нашите животи изгледа толку големо, толку важно, но гледајќи ја големата слика, една одлука честопати нема големо влијание врз целокупниот пат.

Понекогаш тоа е голема одлука, но тогаш мажот е свесен дека тоа е избор кој може да му го промени животот и ретко кој ќе го донесе без размислување.

Тешко е да се гледа на долг рок кога сè што знаете е краткорочно, но тоа не значи дека не можете да се држите до вашиот план или, од друга страна, понекогаш да залутате ако сакате.

zivot
Фото: Freepik

10. Не земајте ги работите здраво за готово

Честопати не го цениме она што го имаме додека не го снема: тоа ги вклучува здравјето, семејството и пријателите, работата, парите...

Кога сте млади, изгледа дека вашите родители секогаш ќе бидат тука. Мислите дека имате доволно време да ги повикате старите пријатели или да поминете време со нови, но немате. Имате пари за трошење или мислите дека ќе ги имате следниот месец, но можеби нема.

Ништо во вашиот живот не е гарантирано да биде таму утре, вклучувајќи ги и оние што ги сакате.

Ова е тешка животна лекција за учење, но можеби најважна од сите:

Животот може да се промени во еден момент. Ценете го она што го имате, додека сѐ уште го имате.

Извор: Lifehack
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот