Рускиот програмер, Пјотр Левашов, е уапсен во Барселона заради сомнеж дека е вмешан во хакерските напади од минатата година во текот на претседателската кампања во САД.
Како што соопшти руската амбасада во Мадрид, тој бил уапсен врз основа на американска меѓународна потерница, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на руски медиуми.
Портпаролот на руската амбасада одбил да открие повеќе детали, а за коментар не биле достапни ни шпанската полиција ни Министерството за внатрешни работи.
Во јануари оваа година, шпанската полиција уапсила уште еден руски програмер со надимак „Лисов“, за кого исто така постоела меѓународна потерница на барање на САД.
Американската влада официјално ја обвини Русија за хакирање на мејлови на членови на Демократската партија, со цел да му помогнат на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Рускиот претседател, Владимир Путин, демантираше дека Русија се обидувала да влијае врз
изборите во САД.