X
 14.04.2016 Култура

Кафулето посветено на Владимир Путин

На приближно 4.000 километри од Москва се наоѓа малиот сибирски град Каснојарск. Во него има едно мало кафуле кое е инспирирано од голем човек, можеби најмоќниот на планетата.


Кафулето „Претседател“ е посветено на Владимир Путин. Кафулето било отворено порано годинава и во него може да се видат многу фотографии од животот на рускиот претседател, од неговото детство до денес.





На ѕидовите има фотографии од Путин како ученик, со неговата сопруга, со бебе, за време на работата итн. Има и фотографија во реална големина за оние кои сакаат да имаат фотографија со Путин.


Во тоалетите, пак, има многу карикатури од светски лидери: Ангела Меркел, Дејвид Камерон и Барак Обама. Доколку сакате да оставите сопствен графити, има и маркери за тоа.







Сопственикот на кафулето изјавува дека нема проблем со политичарите од западот и ова го гледа како забавен бизнис.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура