X
 06.02.2015 Наука

Мали работи кои имаат огромно влијание врз целата планета

Неочекувано - колку малите работи можат да влијаат врз целата планета.

 

планета


1. Мравките ја загреваат целата планета

Мравките обично живеат во своите колонии во тропските региони и јадат се` што ќе „им падне во рака“.

Мравјалниците кои мравките ги создаваат се на тој начин создадени за да ја регулираат температурата околу нив. Како и движењето на некои гасови. Работата е во тоа што обликот на градбата овозможува метанот кој го создаваат мравките да оди во амтосферата.

Сигурно се прашувате како толку мала градба и уште помали мравки можат да влијаат врз целата планета? Да речеме затоа што ги има околу 25 трилиони. Тешки се 40.000 пати повеќе од луѓето. Научниците велат дека тие се вториот најголем извор на метан во светот.

2. Авионите ја ладат планетата

Авионите зад себе оставаат траги. И многу луѓе мислат дека тие се таканаречените „chemtrails“ со кои не` трујат трајните организации. Но, всушност тоа се обични траги од работата на моторите.

Тоа се тради од мали кристали на мраз кои ја намалуваат температурата на нашата планета - и тоа во голема мера. Научниците откриваат дека недела после терористичките напади на 11 септември, во Америка било забрането летањето затоа што влијаело врз зголемувањето на температурата.

А бидејќи секој ден има околу 100.000 комерцијални летови, влијанието не е така мало.

3. Браната во Кина која ја стреси Земјата

Кина е голема. Во секоја смисла на зборот. Има многу Кинези, економијата е огромна, а храната одлична. Не е ни чудо што имаат направено најголема брана во светот, што секако, има значителни последици врз природата. А меѓу останатото, браната имала влијание и врз ротацијата на земјата. Всушност, го продолжила денот. Кога Кинезите ја отвориле браната и пуштиле 42 милијарди тони вода, целата планета за момент се стресила и малку забавила.

4. Глувците ни ја јадат храната

Онаму кадешто се луѓето, таму се и глувците. Можеби не ги гледате, но бидете сигурни дека се во близина. А нивното влијание е огромно.

Според некои проценки глувците јадат или загадуваат 10% од произведената храна во светот, што е навистина многу.

Популацијата на глувците експлодирала тогаш кога луѓето започнале да се множат. А бидејќи можат да јадат било што, преживувањето им оди добро.

5. Светлото кое создава проблеми

Сите знаеме за штетните гасови и отпадните води и другите модерни проблеми. Но, за светлосното загадување не слушнале многу луѓе.

Овој термин се однесува на вештачката светлина која ние ја произведуваме на големо.

Вештачката светлина ги пореметила миграциите, ги загрози ноќните предатори и им направи бројни проблеми на сите живи суштества. Поради светлосното загадување алгите стигнаа до езерото, што не е баш добро. Исто така, луѓето имаат проблеми со спиењето, депресија и разни болести.

6. Медузите ги менуваат океаните

71% од нашата планета е покриена со океани. Научниците кои ги проучуваат океаните открија податоци кои зачудуваат. Тие заклучиле дека медузите но и сите други живи суштества толку влијаат врз океанската струја што може да се забележи.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука