X
 12.04.2017 Технологија

Новиот малвер настана како шега, а денес е кошмар за многумина


Илустрација - катанчиња
(Фото: Screenshot)

Самото споменување на малициозниот код  наречен „ransomware“ создава општа паника, затоа што станува збор за метода со која хакерите ги криптираат сите ваши датотеки, а за да ви го испратат клучот со чија помош ќе можете да ги отклучите, бараат одреден износ на пари.

Во последно време цел на вакви напади не се само поединци, туку и институции и компании, дури и болници, хотели...

Јасно е дека целта на ваквите напади е заработка на пари од несреќниците со хакирани компјутерски оперативни системи, кои се подготвени да платат откупнина за да ги вратат назад своите датотеки. Но, сега се појави нова метода која наводно настанала како шега, но би можела да стане многу опасна, иако наликува на игра.

Авторот на „rensenware“, како што ја нарекуваат новата опасност, се крие зад алиjасот Tvple Eraser, кој според информациите од многу технолошки портали, доаѓа од Јужна Кореја и целиот овој „циркуз“ го создал од чиста забава. Имено, тој дури објавил извинување до сите кои имале непријатности заради овој малвер, затоа што неговата намера во ниту еден момент не била да малтретира луѓе, туку да се забавува со пријателите. „Среќниците“ кои имале блиска „средба“ со „ренсерверот“ не биле приморувани да платат пари некому, туку да ја играат TH12 Touhou Seirensen – Undefined Fantastic Object играта зад која стои Touhou Project. И тоа не е сè: за да ги добијат назад своите датотеки, тие биле обврзани да остварат резултат од 200 милиони поени на таканареченото „Лунатик“ ниво, кое практично е невозможно да се постигне.

Без оглед на фактот дека Tvple Eraser подвлекол дека „сето ова настанало како забава и шега со цел да се  насмеат луѓето кои ги сакаат игрите во продукција на Touhou Project, најверојатно некои го искористиле да направат трагедија за многу корисници“, новиот вид малвер е и тоа како опасен и непријатен...
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија