X
 02.04.2017 Забава

Шега од 1996 која го згрозила САД, уште се памети

Шега за која се зборува доста долго особено во САД е една од 1996 година кога ресторанот за брза храна Тако Бел платил огласи преку цели страници во седум водечки весници.


Фото: Wikipedia

Во нив на први април напишал како го купил симболот на американската слобода – ѕвоното на слободата и дека името на својата компанија ќе го промени во Тако Либерти Бел. Продажбата на тој симбол била објаснета дека е со цел долгот на земјата да се намали.

Американците наседнале и пробале да се побунат против тоа. Шегата го достигнала врвот кога секретарот за односи со јавноста на Белата куќа побарал објаснување.

Дури попладнето на тој 1 април страстите се смириле бидејќи станало јасно дека тоа е шега. Ресторанот за брза храна од овој потег добил несекојдневен публицитет. Дејвид Пејн, основач на ПР агенцијата која била вклучена во создавање на оваа шала подоцна рекол дека тоа е најуспешен проект на кој некогаш работел.
Трошокот на целата кампања бил само 300.000 долари, а Тако Бели заработил 25 милиони долари од раст на продажбата на храна во рестораните.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава