X
 17.05.2017 Живот

Нверојатно: Тетоважи кои можете да ги слушнете

tetovazi
Фото: Reuters/printscreen

Уметникот за тетоважи, Нејт Сигард тетовира аудио звучни бранови на кожата на луѓето, овозможувајќи им да го слушаат нивното омилено парче музика или гласот на саканата личност во било кое време, преку апликација за паметен телефон.

Концептот за звучна уметност на телото ја добил откако некои од неговите пријатели побарале тетоважи од аудио брановите на песна на Елтон Џонс.

„Како што заминуваа, мојата девојка Џулијана даде коментар дека би било одлично доколку би можеле да се отсвират тие звучни бранови. Тогаш сфатив дека тоа можам да го реализирам. Експериментирав на себеси и на мојата девојка, и успеав“, вели Сигард.

Луѓето снимаат незаборавни аудио парчиња, а апликацијата генерира слика од брановите која може да се однесе на обучен тату уметник за трајно да ја нацрта на телото.

Откако тетоважата ќе биде готово, се прикачува фотографија од тетоважата на самата апликација, која подоцна се поврзува со аудио датотеката.

„Користиме препознавање на сликата во внатрешноста на апликацијата, со што таа го емитува звукот од тетоважата“, вели Сигард.

Тој вели дека апликацијата ќе биде целосно подготвена за објавување наредниот месец.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот