X
 13.04.2017 Технологија

На тајна задача во кинеската фабрика за ајфон

student

Работењето 12 часа на ден на линија во фабриката на „Apple“ е ужасна идеја за летен одмор. Но, тоа не го одвратило студентот Деџиан Зенг. Зенг, кој е дипломиран студент на Универзитетот во Њујорк, минатата година поминал 6 недели како кинески работник во фабриката за Ајфон, во Пегатрон, близу Шангај.

Не било сè лошо - „Apple“ редовно ја посетувал фабриката, особено за време на пробните производства. Всушност, „Apple“ имал 99% согласност со работниците за работење под 60 часа неделата, а работниците од Пегатрон кои ги создаваат производите на „Apple“, во просек работат 43 часа во неделата.

Ова е огромен напредок кога станува збор за кинеското производство и ситуацијата во која претходно беше. Барем во некои фабрики.

Зенг одел на работа во 19.30, работел 12 часовна смена, вклучувајќи ги оброците и паузите. Неговата работа била монотона. За работниците во фабрика, ефикасноста е клучот за успех. Секој работник повторувал една иста задача секој ден. За Зенг, ова значело ставање на еден шраф во задниот дел на Ајфон цели 12 часа.

Пробните производства биле полоши. За време на ваквото производство, може да се произведат само пет телефони на ден. Често пати не смеат да зборуваат или да се поместат од нивното место, дури ниту да одат во тоалет. „Составувате еден телефон, а потоа седите тивко и чекате два часа додека не пристигне друг“, вели Зенг. Тој го поврзува процесот со „тортура“ и вели дека му било тешко да не заспие. Ако работниците паднеле во искушение, често пати надредените им викале и им ги одземале столчињата за да не можат да седат до крајот на нивната смена.

Пробните производства носеле поголема безбедност. Фабриката ги зголемила металните детектори во текот на овие периоди. Обезбедувањето дури и ги принудувал жените да се пресоблечат ако жицата од нивниот градник била осетлива на детекторите. Предметите кои содржеле метал биле конфискувани веднаш после влегувањето.

Откако смената им завршувала, работниците се враќале во нивните домови. Зенг ја делел собата со седум други работници. „Некогаш имав среќа и имаше топла вода за туширање“, вели тој. Некои денови воопшто немало топла вода, додека други немало вода воопшто.

Оброците не биле лоши, а секој чинел од 5 до 8 јуани (0.72 до 1.16 долари). На оние кои им била потребна пауза од студентските домови каде што престојувале, тие можеле да јадат надвор за околу 20 јуани (2.90 долари). Иако е евтино за американски стандарди, овие дополнителни трошоци ги осиромашувале работниците кои веќе земале ниска плата.

Зенг првиот месец заработил 3.100 јуани (450 долари). Иако е ниска платата, сепак ова е над кинеската минимална плата.

Се на се, Зенг заработил околу 665 долари за време на неговиот шест неделен во Пегатрон.

Целосното интервју со Зенг можете да го прочитате ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија