Водени балони кои се јадат, кои би можеле да служат како замена за пластични шишиња и чаши ќе се најдат во продажба за околу една година.
Фото извор: REUTERS/Hannah McKay
Овие балони се направени од три тинејџери уште во 2014 година. Тие сега собираат пари за нивните балони да излезат на пазарот.
„Нашата мисија е отпадот од пакувања да исчезне“, велат тие.
„Оохо“ е остварлива замена за пластичните шишиња и чаши, направена со користење на смеса од натриум алгинат, земен од кафеави алги и калциум хлорид. Балоните се потполно биоразградливи и природни, што можете да ги јадете. Тоа се флексибилни пакети исполнети со вода на кои може да им направите дупка и да пиете директно од нив или да ги косумирате цели. Пакувањето е поевтино од пластика и може да ја задржи било која течност, како што се вода, сокови, па дури и козметика.
Фото извор: REUTERS/Hannah McKay
Секој балон содржи околу 250 милилитра вода и чини два цента. Тимот се надева дека ќе почне да ги продава
балоните на музички фестивали и маратони за една година.