Младите денес се жалат дека сите песни се исти, а можеби и вие често велите дека повеќе не ви се допаѓа музиката на вашите омилени музичари.
Ако ви е за утеха, тие само се трудат да го следат бизарниот тренд во музичката индустрија, кој е поврзан со тоа каков е модерниот слушател.
Брзиот живот што го водиме оди заедно со бучното и монотоното, и покрај тоа што нашите рутини се хаотични - барем ова го докажува новото истражување. Всушност, истражувањето вели - каков живот, таква музика. Современата поп-музика е премногу гласна и сите мелодии звучат исто, наведуваат истражувачите кои анализирале песни создадени од 1955 до 2010 година.
Тие ја анализирале архивата позната како „Милионска група“ („The Million Song Dataset“) и откриле дека песните станале погласни и похомогенизирани во однос на акордите и мелодиите.
Фото: Pixabay
Научниците зеле вкупно 464.411 мелодии и употребиле динамични процеси на комплексни мрежни системи за воспоставување врски и пронаоѓање статистички обрасци.
Џоан Сера, авторка на истражувањето и експерт за вештачка интелигенција на шпанскиот Национален совет за истражување, вели дека добиле нумерички показатели дека различноста на транзицијата помеѓу комбинациите на ноти неодамна се намалила.
Истовремено, научниците заклучиле дека
музичките техничари ја прават музиката сè погласна бидејќи така звучи како да е понова.
Музиката станува сè помонотона, што пречи на изградбата на добриот вкус, кој е потребен за да може да се ужива во уметноста, заклучува истражувањето.
Извор:
Noizz.rs