X
 18.04.2017 Култура

Голем интерес за имотот на поранешна СФРЈ во Њујорк

Република Србија и останатите бивши држави на СФРЈ огласиле продажба на две недвижнини. За една од нив, куќа на Петата авенија, заинтересирани се шест потенцијални купци,објавува „Њујорк пост“.

куќа во њујорк
Фото извор: Google street view

Постои можност цената на таа куќа да дојде и до 50 милиони долари. Во неа била сместена Мисијата на Србија во Обединетите нации, а според изјавите на Тристан Харпер од агенцијата „Даглас Елиман“, таа е недопрена и оној кој што ќе ја купи ќе поседува „дел од историјата на Њујорк“.

Кои се купците е сѐ уште тајна иако е наведено дека се добро ситуирани поединци. Зградата се наоѓа на најпрестижниот дел од Петтата авенија со поглед кон Централ парк. Има четири спрата со 18 соби, 6 тоалети и вински подрум. Има и електричен лифт кој е сѐ уште во функција.

Во цената влегува и мебелот, сликите, златен светилник и други позлатени детали. Во овој објект отседнувал Јосип Броз Тито за време на престоите во Њујорк, а купен е од Федеративна Народна Република Југославија во 1947 година. Куќата е изградена во 1904 година, а прв сопственик е гувернерот Лонг Ајленд Роберт Бикман Ливингстон. Сопственичка била и Емили Вандербилт Вајт, сопруга на Хенри Вајт, некогашен амбасадор на САД во Франција и Италија.

Покрај овој објект во продажба е уште еден објект на Парк авенијата – пентхаус кој властите на бивша Југославија го купиле во 1975 година.

Станува збор за шестособен дуплекс апартман со четири тоалета, кој во тоа време го користеле југословенските амбасадори во ОН, а чија цена изнесува околу 20 милиони долари.

Минатата недела конечно е договорена продажбата на недвижнините на Петта авенија, но на договорот ќе бидат потребни потписите на претставници од сите држави на Југославија. Покрај овие, Југославија продава недвижнини и во Јапонија, Германија и Швајцарија.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура