Сите жители на сојузната американска држава Њујорк што немаат наполнето 21 година од неодамна не може легално да купат шлаг.
Закон донесен во ноември минатата година има цел да ги спречи тинејџерите да користат пакување за шлаг за инхалација на азотен оксид.
Овој гас има психоактивен ефект кога се вдишува. Според податоци од Администрацијата за борба против дроги, околу 1 во 5 млади луѓе користи гасови како азотен оксид од пакување за шлаг пред да тргне во осмо одделение.
Фото: Freepik
Сенаторот на Њујорк, Џозеф Адабо, открил дека го спонзорирал законот откако добил жалби за многу празни канистри за шлаг на улиците.
- Азотниот оксид е легална хемиска состојка за користење од страна на професионалци, но кога не се користи правилно, може да биде екстремно опасна. За жал, младите луѓе го купуваат и вдишуваат овој гас за да „се надуваат“ бидејќи погрешно мислат дека е „безбедна“ супстанција - објаснил Адабо.
Извор:
Insider
Насловна фотографија: Freepik