X
 02.04.2019 Живот

За купување цигари во Њујорк, зголемена границата на 21-годишна возраст

Њујоршкиот Сенат, кој е под контрола на демократите, усвои правилник сличен на тој што го имаат уште седум американски држави, а според кој се зголемува границата за купување цигари и електронски цигари од 18 на 21 година.

Откако пратениците ќе го потпишат правилникот, оваа одредба ќе стапи во сила во рок од 120 дена.

 - Во наша моќ е тутунските производи да не стигнат во рацете на младите - изјави сенаторот Ендру Куомо.

Според новиот правилник, ќе биде забранета продажба на цигари на лица помлади од 21 година, а таа мерка веќе се спроведува во седум американски сојузни држави и стотина општини, меѓу другото, и во градот Њујорк.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот