X
 13.07.2018 Економија

Еве зошто може да се каже дека Русија го освои Светското првенство иако не влезе во полуфинале

Русија ја задржа врвната позиција помеѓу земјите во развој, велат аналитичарите од „Бенк оф Америка“.

Moсква го намалува нивото на задолженост, што ја прави лидер меѓу најголемите пазари во развој.

- Иако не стигна до полуфиналето на Светското првенство, Русија го освои Светското првенство во макроекономија, меѓу GEM-10 членки на сите наши полугодишни ранг-листи. Тоа е продолжение на развојот откако Русија ја стигна Кина - пишуваат аналитичарите од банката.

rusija
Фото: Thinkstock


Од банката објаснуваат дека двете земји имале различна стратегија за стигнување до врвот.

- Русија има најсилни показатели за надворешна ликвидност и фискална рамнотежа, но исто така има и најниско ниво на надворешен долг - велат тие.

„Банк оф Америка“ ги истакнува и рекордно ниската инфлација во Русија и високите реални стапки на растот, додека растот на БДП останува низок.

Полуфинале на Светското првенство на оваа банка се Кореја, Кина и Индонезија, додека апсолутни губитници се Бразил, Јужна Африка и Турција. Јужна Африка стагнира, има големи дефицити и високи долгови во сите сектори. Турција и понатаму се наоѓа на последното место поради високата инфлација и големиот дефицит на тековната сметка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија