Кинеската компанија „Хуавеј“ почна преговори со Русија за инсталирање на рускиот оперативен систем „Аурора“ на 360.000 таблети за спроведување попис на населението во Русија следната година.
Компанијата „Хуавеј“ почна да бара алтернативен оперативен систем за оперативниот систем на Гугл – „Андроид“ откако Вашингтон ѝ се закани дека ќе ѝ го одземе пристапот до клучните компоненти и технологии.
- Ова е пилот-проект. Ние го гледаме како прво ниво за придвижување на рускиот оперативен систем на апаратите на „Хуавеј“ - изјави извор од компанијата.
Друг извор нагласи дека „Хуавеј“ е заинтересирана за проект со Русија, а на руската страна ѝ се покажани таблети кои би можеле да се користат.
Портпарол на компанијата потврди дека „Хуавеј“ преговара со руското министерство за комуникации, но не откри повеќе детали.
Извор: МИА