Жените од групата „The Silence Breakers“, кои во јавноста ја подигнаа свеста за сексуалната злоупотреба во светот на шоу-бизнисот и доведоа до низа соочувања на жртвите со тие што ги злоупотребиле, се прогласени за личности на 2017 година.
„Жените што ја прекинаа вистината“ се основачи на движењето #MeToo, кампања на социјалните мрежи основана со цел на јавноста да ѝ се насочи вниманието кон сексуалното вознемирување во Холивуд.
Откако актерката Алиса Милано го популаризира овој хаштаг, се јавија илјада жени што сакаа да ја споделат својата приказна.
Така, многу познати дами решија да ги откријат „јавните тајни“ во светот на забавата и негативните искуства во текот на нивната кариера. Меѓу нив се актерката Ешли Џад, активистката Тарана Бурке, актерката Селма Блер, американската политичарка Сара Гелсер, пејачката Тејлор Свифт и актерката Роуз Мекгован.
Во најтесниот круг на кандидати за
личност на 2017 година се најдоа американскиот бизнисмен Џеф Безос, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Според мислењето на читателите, кои учествувале во анкетата на магазинот, личност на годината е Мухамед ибн Салман, престолонаследник на Саудиска Арабија.