X
 18.04.2017 Технологија

Марк Цукерберг одбил 1 билион долари за откуп на „Facebook“

Марк Цукерберг одбил значителна сума за откуп на платформата „Facebook“ од страна на „Yahoo“. Оваа случка е раскажана во книгата  “Becoming Facebook” напишана од Мајк Хофлингер, кој бил на чело на маркетинг секцијата во компанијата.


Понудата на „Yahoo“ за откупување на платформата изнесувала 1 билион американски долари, а се случила во јуни 2006 година. Во тој период  „Facebook“ одбележувал само две години од своето постоење. Питер Тил, член на Управниот одбор, инвеститорот Џим Брејер и тогаш 22 годишниот Марк Цукерберг, одржале средба на која ја дискутирале примамливата понуда.

Цукерберг уште на почетокот од состанокот истакнал дека се работи за официјална средба, која не би требало да одземе повеќе од 10 минути, а и истакнал дека е очигледно неприфаќањето на понудата. Неговиот аргумент била волјата за воведување многу новитети на платформата и нејзиното развивање. Цукербер истакнал дека сака да ја задржи шансата да создаде нешто до тогаш невидено и постојано да го надоградува. Додека пак, од „Yahoo“ била понудена голема сума на пари за преземање на платформата, сепак тие немаче јасна визија што всушност би правеле со истата.

Со оглед на успехот на„ Facebook“во текот на изминатите години, сите можат да се согласат дека одлуката на Цукербер била правилна.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија