Фото: Istock
Доколку нешто звучи премногу добро за да биде вистинито, тогаш и веројатно е.
„Пријателски настроено шестчлено семејство“ со деца на возраст од 2, 5, 7 и 15 години бара дадилка со полно работно време, која ќе живее заедно со нив. Според огласот за работа, платата на дадилката ќе биде 100,000 фунти, ќе јаде јадења оценети со Мишелин ѕвезда и ќе може да ги вози спортските автомобили на семејството.
Премногу добро за да биде вистинито. Секако дека е, затоа што постои услов.
Семејството има четири куќи - во Лондон, Барбадос, Кејп Таун и Атланта, така што интернационалното патување е едно од барањата за оваа работа. Секако, сите сакаме да патуваме, меѓутоа кога ќе прочитате во огласот, од дадилката се бара да патува до три пати неделата, во зависност од тоа каде се децата.
Дадилката мора да има диплома за детска психологија, да нема свои деца и минимум 15 години искуство како дадилка.
„Мислам дека е најдобро да бидам искрена - работата бара многу. Нашите деца учат дома и бараат постојано внимание и надзор, дури и кога се со нивните наставници.
Би сакале нашата дадилка да учествува во лекциите каде што е соодветно, и да помага во учењето надвор од училницата.
Би сакале дадилката да го јаде со децата секој оброк, што ќе биде приготвуван од готвач со Мишелин ѕвезда, иако ова не е задолжително.
Имаме неколку автомобили вклучувајќи „Порше“, „Ренџ Ровер“ и „Масерати“, и тие се достапни за дадилката - очекуваме дадилката да извршува доста задачи и да ги носи децата на закажаните дневни активности.
Јас и мојот сопруг често сме отсутни поради работа и социјални обвски, но кога сме дома сакаме да бидеме насамо со децата.
Затоа, ќе има периоди кога од нашата дадилка ќе побараме да земе одмор за да ни дозволи да поминеме време со семејството.
Идеално би било ако дадилката има тренирано самоодбрана. Ако
кандидатот го нема поминато овој тренинг, тогаш ние ќе обезбедиме и ќе платиме за него. За ова нема преговори“.
Доколку мислите дека ги исполнувате условите,
ТУКА можете да се пријавите за работата.