X
 31.01.2018 Технологија

Сакате да освоите 70.000 долари? Докажете го ова

Продуцентската куќа „Капком“, која се занимава со развој на видеоигри, одлучила да покрене необична акција за да го прослави појавувањето на својата нова игра „Лов на чудовишта: Свет“.

фотоизвор: CND

Имено, компанијата нуди голема сума на пари за сите оние што ќе докажат дека чудовиштата навистина постојат. За потребата на оваа акција, во понудата вметнале 10 чудовишта, кои веќе одамна имаат статус на митски суштества, а доколку поединец донесе доказ за постоење на чудовиштето, ќе добие 70.000 долари.

Видеоиграта исто така ја опфаќа со оваа тематика. Играчот лута по светот и пронаоѓа чудовишта, па и се бори со нив. Ова е петта инсталација на оваа игра, која целосно е приспособена на сите делови од светот. Рокот за пронаоѓање 10 чудовишта, чии траги се пријавувани со децении наназад, е 30 јуни оваа година, а за да се земат тие 70.000 долари, мора да понудите доказ за постоење на едно од овие чудовишта:

-    Бигфут
-    Чудовиштето од Лок Нес
-    Монголскиот црв на смртта
-    Морска сирена
-    Земјено куче
-    Јети
-    Чупакабра
-    Намибијска летечка змија
-    Јоуви
-    Човекот був

Сумата е примамлива, а Бигфут и чудовиштето од Лок Нес сами по себе можат да донесат и поголема парична награда доколку поединецот донесе докази за нивното постоење.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија