Денес е среда, 19 април 2017 година, 109-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:43, а ќе зајде во 19:22 часот. Денот ќе трае 13 часа и 39
минути.
Во утринските часови во Македонија преовладува претежно облачно, топло и
ветровито време со удари на ветер и до 80 км/ч од југоисточен и
југозападен правец. Во северозападните и северните предели започнаа
врнежите од дожд кои во наредните часови ќе се прошират и во останатите
предели.
МАКЕДОНИЈА - Во текот на денот не очекува претежно облачно време со
врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Поинтензивни врнежи од дожд се
очекуваат попладне и тоа во во североисточните и источните предели. Ќе
дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне
брзина и до 50 км/ч кој попладне постепено ќе слабее и ќе го намалува
својот интензитет. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се
движат од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во
опаѓање и ќе достигнат до 6 односно до 17 степени. УВ индексот ќе има
вредност 1.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно облачно со врнежи од дожд, ветровито
и свежо време. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер.
Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна ќе достигне
до 14 степени. УВ индекс 1.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток студено утро со утрински температури од
-3 до 6 степени, а во текот на денот умерено облачно со услови за
локални врнежи од дожд и свежо време со дневни температури од 4 до 15
степени. Во петок ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди,
попладне во крајните источни и во западните предели со услови за локални
врнежи од дожд и посвежо време со температури од 2 до 13 степени. Во
сабота преодна стабилизација на времето, по студеното утро со
температури од -6 до 3 степени, во текот на денот претежно сончево со
локална облачност и температура до 6 до 17 степени. Во недела умерено
облачно и нестабилно време и потопло време со максимални температури од
9 до 20 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во четврток умерено облачно и нестабилно време со
локални врнежи од дожд и температура до 12 степени. Во петок умерено
облачно време со сончеви периоди и свежо време со максимални 10 степени.
Во сабота по студеното утро во текот на денот претежно сончево со
локална облачност и потопло време со температура до 14 степени. Во
недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и
температура до 17 степени.
Weather4all.com.mk