X
 02.06.2023 Живот

„Акуведр“ објави временска прогноза за летово - поплави на Балканот, суши во Европа

Веб-страницата за временска прогноза „Акуведр“ објави временска прогноза за летово во Европа. Поголемиот дел од континентот би можел да се соочи со суша, но на Балканот се очекуваат невремиња и поплави.

Дали годинава ќе биде рекордна кога станува збор за летните температури?

Изминатите две години беа рекордни во поглед на високите температури во текот на летото. Иако во април годинава во Шпанија веќе беше поставен рекорд за највисока априлска температура забележана во Европа, метеоролозите не очекуваат екстреми годинава.

Екстремно високите температури ќе бидат поретки на континентот во споредба со минатите години. Ќе има топли периоди, но малку е веројатно дека ќе бидат рекордни, изјавил метеорологот Тајлер Ројс. Меѓутоа, од „Акуведр“ предупредуваат на потопли ноќи од вообичаено.

Суво и топло лето на север и југ

Се очекува посуво и потопло лето во однос на историскиот просек кое би можело да предизвика пожари во Скандинавија. Јуни и јули ќе бидат најсуви месеци, а Шпанија и Италија, исто така, може да очекуваат суши.

Невремиња на Балканот

Северниот дел од Франција, Германија, Полска и балканските држави ќе се соочат со чести врнежи и лоши временски услови.

Според Ројс, врнежите треба да бидат блиску до историскиот просек за поголемиот дел од земјите, но на Балканот се можни поплави бидејќи количеството на врнежи ќе биде над просекот ова лето. Можни се и силни ветрови и град.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот