Фото: Reuters
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека тим на експерти работи на развивање на технологија која ќе им овозможи на луѓето преку оваа социјална мрежа на своите пријатели да им ги испраќаат своите мисли, без да мораат да пишуваат на тастатура.
Цукерберг претходно укажуваше на потребата за развивање на технологија која на луѓето ќе им овозможи да читаат мисли, а сега потврди и дека неговиот тим на експерти работи на развојот на „директни мозочни дијалози“.
Фејсбук работи и на апликацијата Спејс, првата апликација во склоп на социјалната мрежа која ќе овозможи дружење со пријателите во виртуелната реалност.
„Преминуваме на виртуелната реалност, во која веќе вклучува операции поврзани со мозокот. Во блиска иднина ќе можеме да комуницираме и преку нашиот ум без пишување и зборување“, вели Цукерберг.
Тој вели дека
Фејсбук на тој начин ќе започне технологија која ќе ги надминува досегашните граници.