Фото: ЕРА
Џамијата
„Ибн Рушд-Гете“, именувана по исламистичкиот научник Ибн Рушд и
германскиот автор Јохан Волфганг фон Гете, ќе ги отвори вратите за
германското население, но им забрани на жените да носат бурки и никаби.
Турскиот
основач, феминистички активист и адвокат Сејран Атес вели дека оваа
одлука е поради безбедносни причини, меѓутоа и поради тоа што превезите
на лицето немаат никаква врска со религијата.
Првата либерална џамија во Германија е изградена во внатрешноста на протестантската црква Св. Јоханес.
Хомосексуалците,
како и членовите на транс заедницата се добредојдени во џамијата. Исто
така, нив ќе им биде дозволено да се молат заедно, наместо да бидат во
сегрегација како што е случајот во поголемиот дел од муслиманските џамии
ширум светот.
Фото: AFP
Атес вели дека е крајно неодговорно да се осудат
конзервативните исламски организации без да се понуди алтернатива, па
токму од таму произлегла причината за создавањето на џамијата.
Писателот
и активистот за човекови права Елхам Манеа, заедно со Атес ќе ја води
првата молитва на германски, турски и арапски, чин традиционално
резервиран за машкиот пол.
Додека едни го поздравија отворањето
на ваков вид на
џамија, други го осудија, па Атес добила закани за
насилство, поради што побарала полициска заштита за време на отворањето.
Во
2010 година, канадската писателка Рахил Раза стана првата муслиманка
која го водела мешаното полово британско општество за време на петочните
молитви.