X
 23.04.2017 Образование

Идните студенти се запознаа со ФЕИТ

Развој на електромобил, апликации со дронови, развој на процесор на FPGA, макета на инсталација за куќа со приказ на заштитни склопки, развој на апликации за Android, робот што следи црвена боја и производство на електрична енергија од фотоволтаици беа дел од многуте експонати изложени на вчерашниот Отворен ден на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.



Сите заинтересирани средношколци ги добија неопходните информации за упис и студирање на Факултетот, за студиските програми, квоти, партиципации и стипендии од нивните колеги – студенти и од професорскиот кадар.

„Пред нив ги изложивме новите студиски програми и ги претставивме лабораториите на ФЕИТ. Преку ваквата посета на Факултетот, всушност, ги доближуваме можностите на ФЕИТ до нашите потенцијални колеги. Со тоа матурантите имаат можност да се сигурни во правилноста на изборот да студираат на ФЕИТ, што може да се забележи преку самодовербата која ја имаат бруцошите кои го посетиле отворениот ден на ФЕИТ и преку постојаното зголемување на бројот на запишани електроиженери“, вели доцент Славче Пејоски, раководител на Центарот за нови студенти.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование