X
 30.01.2015 Култура

Ески Керман - Антички град во Кримеа

Ески Кермен е средновековен град кој се наоѓа на само 6 километри од Мангупа, во Бакчисарај регионот на Кримеа. Градот се наоѓа на врвот на една планините наречена Меса, која е нормален дел од Кримеа, и е позната по нејзините 300 пештери.

 

grad


Пештерите биле изградени во 6-от век и биле користени како живеалишта поради безбедноста. Низ вековите, овие живеалишта се зголемувале и во нив живееле стотици луѓе истовремено. Верскиот живот бил важен за овие луѓе кои имале неколку храмови и цркви изградени во пештерите. Една од црквите се`уште има фрески кои ги прикажуваат Исус и Богородица.

„Пештерскиот град“ бил населен се` до доаѓањето на Монголите во 13-от век. Поради планинскиот терен, градот бил тешко достапен и поради тоа тешко подлегнал на монголските напади. Откако пештерите биле напуштени од жителите, за краток период, селаните од соседството започнале да ги користат за комерцијални цели. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура