X
 25.04.2017 Економија

За кои професии со високо образование има работа?

Каде да го продолжам своето образование? Ова е прашањето кое во моментот најмногу ги мачи матурантите бидејќи се на прагот при изборот на нивната идна професија. Дали да студираат медицина, технички или општествени науки?



Покрај афинитиетите и своите желби, експертите препорачуваат дека во предвид треба да се земат и информациите за пазарот на труд, за кои професии има работа во моментот, но и кои занимања ќе бидат просперитетни откако ќе дипломираат после неколку години.

Од Агенцијата за вработување на Македонија побаравме да ни достават листа на занимања за кои сега има најмногу слободни работни места, а за кои е потребно високо образование. Оттаму ни одговрија дека врз основа на огласените потреби од работници од страна на работодавачите, како и врз основа на  добиени сознанија од анкетното истражување меѓу работодавачите за потребата од вештини на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба од вработување на работници од следните занимања и соодветен степен на потребни знаења:

Со завршено високо образование (програми до и постдипломско универзитетско образование):
- програмер,
- машински инженер,
- градежен инженер,
- доктори по медицина,
- информатички инженери,
- инженер за организација на работа,
- економист за банкарство,
- архитекти,
- инженер за компјутерски науки,
- инженер за техничка сигурност,
- инженер-металург за обработка на метал,
- економист,
- економист комерцијалист,
- сметководител,
- економист за маркетинг,
- правник,
- електроинженер-контролор,
- менаџер за производство и продажба,
- инженер-агроном,
- фармацевтски технолог,
- маркетинг агент,
- информатичар,
- администратор на бази на податоци
- графички дизајнер.

Од АВРМ сметаат дека изборот на образование е индивидуално право на секој поединец, во зависност од неговите убедувања и афинитети.

- При носење на одлука каде да се продолжи со образование, секогаш треба да се има во предвид и можноста да се најде соодветна работа после завршување на процесот на формално образование, односно да се има во предвид реална потреба од таков образовен профил на пазарот на трудот - велат од Агенцијата за вработување.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија