Новото брендирање ќе го издвои „Google“ од другите компании кои се во корпорацијата „Alphabet“. „Google“ повеќе не е само „Google“.
Гигантот создаде холдинг компанија наречена „Alphabet“ под која се наоѓаат сите главни бизниси и проекти од технолошката компанија како посебни компании. Оттогаш, гигантот тивко ги менува имињата на своите холдинзи за да ги издвои целите и проектите на „Google“.
Последната организација на „Alphabet“ која доби ново име е „Google X“, која сега ќе биде само „Х“. Во рамките на истата се работи на автономните возила на компанијата и на други истражувања во областа на роботиката.
Во декември, пак, „Google ventures“ беше преименувана во „GV“ и доби ново лого. „Google life sciences“ беше преименувана во „Verily“ истиот месец.
„
TIME“ пишува дека следуваат уште поголеми промени. Многу технолози предвидуваат дека проектот за автономни возила ќе стане независна компанија годинава.
Финансискиот успех на многубројните инвестиции на „Alphabet“ ќе бидат малку појасни откако компанијата ќе ги објави податоците за својата заработка на 1 февруари.