Компанијата „Апгрејдет поинтс“ бара искусен гледач на филмови за својот најнов натпревар. Ќе избере едно лице на кое ќе му бидат платени 1.500 долари за маратонско гледање 15 филма поврзани со патувања.
- Патувањето не е само посета на нови места. Патувањето е луксуз и со создавањето на овој натпревар сакавме да му дадеме на некого можност самиот да оди на патување од удобноста на својот дом - вели Кери Стоуксбери, главен уредник на „Апгрејдет поинтс“.
Кој може да се пријави на натпреварот?
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Да има афинитет кон истражување различни култури, дестинации и искуства;
- Да има интерес за кино, да биде добар раскажувач на приказни, да ја знае киноматографијата и да има способност да ги цени филмовите од различни жанрови;
- Да има авантуристички и слободоумен став за истражување и ценење на разновидноста на искуствата од патувањата прикажани во филмовите;
- Да има вештини да раскажува приказни што ги поврзуваат точките помеѓу филмските искуства и патувањата во реалниот свет;
- Да може да истражува и да открива интересни факти за филмот.
Победникот ќе добие посебен работен лист за секој филм што ќе го гледа. Тие работни листови ќе треба да се пополнат до 21 јуни 2024 година.
Како да се аплицира?
Крајниот рок за
пријавување е10 мај 2024 година. Победникот ќе биде објавен на 24 мај 2024 година.
Извор:
Prnewswire.com
Фото: Freepik