X
 29.04.2017 Живот

Како во Русија се поттикнува наталитетот?

Министерката за образование Олга Васиљева предложила на студентките кои станале мајки да им се обезбеди бесплатно студирање. Сега таквиот нацрт закон е ставен на јавна расправа, а ако биде усвоен ќе почне да важи од оваа година.


Таа иницијатива е само една во низата мерки со кои државата го стимулира наталитетот. Пад на наталитетот е забележан од 2015 година, а предизвикан од тоа што пораснатите деца родени во 1990-те, кога наталитет бил во голем пад, па таа генерација сега има пропорционално помалку деца од претходните генерации. Од друга страна, морталитетот во регионите во Русија останал ист, а некаде и поголем отколку што бил. 

Со новите додатоци за новороденчиња кои ги примаат младите родители, државата успеала да го разбие негативниот природен прираст. Кон крајот на декември 2016 година, рускиот премиер им наложил на шестмина министри да подготват нови мерки.

Некои експерти сметаат дека во Русија, политиката на стимулирање на наталитетот е речиси секогаш врзана за пари, а не за човек, односно за неговото слободно време, за флексибилното работно време и улогата на таткото или мајката.

Една од најважните ставки во државното финансирање во оваа област е мајчинскиот капитал кои го добиваат сите мајки за второ дете. Програмата е започната во 2007 година и важи за целата територија на Русија. Сега се доделуваат  по 435.026 рубљи, по поминувањето на три години од раѓањето. Со тие пари, може да се отплати кредит за стан и слично. Според најновите одлуки, програмата ќе важи уште две години.

Меѓу другите мерки е и зголемувањето на пристапот до технологијата за вештачко оплодување и намалување на бројот на абортуси за 10 проценти до 2020 година. Некои сметаат дека вештачкиот престан на бременоста треба комплетно да се исклучи од системот на здравствено осигурување.

Мајките кои се вработите имаат потешкотии ако одгледуваат деца, бидејќи во Русија за разлика од европските земји, речиси и не постои скратено работно време за млади мајки. Додека пак, татковците немаат право на отсуство заради детето. Не постои програма слична на мајчинскиот капитал за татковците кои не живеат со сопруга. Не се споменати ни во новиот предлог закон за бесплатно студирање. И бесплатниот градски превоз за семејства со повеќе деца важи само за еден родител. Во Русија важи правилото дека мажите имаат задача да заработуваат пари и финансиски да го обезбедат семејството.

Автор : Јекатерина Синељшчикова/ „Руска реч
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот